П. КОЛЕВ: КАКВА Е ТАА ЕВРОПСКА ВЛАДА, КОЈА ИМА ПРОБЛЕМИ СО ПРАВОСУДСТВОТО И КОРУПЦИЈАТА, А НЕМА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА И АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

//

Претседателот на партијата Граѓанско демократска унија-ГДУ, Петар Колев преку статус на својот facebook профил упати интересно прашање до владејачката гарнитура, која денеска одбележа една година на власт. Ви ја пренесуваме во целост реакцијата на претседателот на ГДУ:

„Внимателно ја проследив прес конференција на премиерот Зоран Заев. Сепак, настрана оптимизмот и ентузијазмот на нашиот премиер кога зборува дека сме „ослободени“ или за преговорите со Грција, нешто сѐ уште не ми е јасно.
Имено, Владата ни е европска, но Европската Унија јасно укажува и во препораката на ЕК и во Non-paper дека имаме проблем со правосудството и корупцијата во земјата.
Логично е да се праша каква е таа eвропска влада која има проблеми со правосудството и корупцијата, а нема министер за правда и антикорупциска комисија?
Понатаму, во овие два документи кои се однесуваат на нашата европска интеграција се вели дека нема реформа во администрацијата иако помина една година. Сигурно за нашата Влада зборот реформи значи вдомување на уште некој партиски војник на административна позиција, но сум убеден дека за ЕУ и за демократската јавност во земјава тоа баш и не е така.
Што се однесува до тоа дека „сме го поразиле режимот“ би Ви сугерирал почитуван премиеру, на следната седница на Владата погледнете наоколу кој се е член во вашиот кабинет-или понекогаш барем прочитајте ги имињата на оние кои ги именувате или назначувате во рамките на „реформираната“ јавна администрација.
Кога станува збор за внатрешната политика и реформите нешто се мислам, дали сме 2011 или одамна сме 2018 година?!“



Претходна статија

НИКОЛА ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО ВИСОКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ФОНДАЦИЈАТА КОНРАД АДЕНАУЕР

Следна статија

ФАЛИ МЕ УСТО ИНАКУ…

Најново од Вести