|

ФАЛИ МЕ УСТО ИНАКУ…

Денеска беше ден за фалење, критика и отворено критизерство…

Командата на Заев се испофали во Грујо стил со „отчет“ насловен со помпезното име: „Една година промени- Македонија за сите/365 промени за подобар живот на сите граѓани“. По една промена за секој ден. Го немаше Рашковски да ни ги објасни подетално „скриените“ придобивки од позитивните промени што ги донесе владата предводена од Заев, но затоа тука е довчерашниот неопределен Влатко Васиљ, да не почести со некоја упикувачка досетка за тоа колку се јаки дечките од „Илинденска“ бр 2.

Секако дека на Заев треба да му се признаат многу работи. Да, ја укина радиодифузната такса, да, минималната плата се покачи, да, го потпиша фамозниот Договор за добрососедство со Бугарија, да, не им се меша на медиумите, за што и како да известуваат, (не им се меша ама оние од ГДУ само да не ги покажуваат никаде). Сето тоа е во ред, но во истото време речиси и да не остана роднина на близок до коалицијата „Guns ‘n Roses vol 2“, кој не доби удобно работно место. Од ќерката на Талат до сестрата на Катица. Ама тоа се разбира не е непотизам. Непотизам е кога Христијан Мицкоски е асистент на татка си. Паметот се предава по полов пат. Гени се во прашање. Сега кога спомнав непотизам ми текна и за судиите. Не знам зашто. Само да потсетам дека истите тие судии кои во времето на Груевски се натпреваруваа да му угодат на „диктаторот“, сега со полни гради воздух се трудат да не губат чекор во „штеловањето“ со новите батки на власт. Инаку Европа бара од нас, освен cool односи со соседите, и сериозни реформи во судството. Ама тоа и не е толку важно нели. „Отчетот“ е повеќе од детален. Долг е… 29 страници на word пишувани со 12-ка големина на фонт.

За критизерството… друг пат. Ми почна серијата.

Автор: Батко Тане



Слични Објави