| |

Нова Република: Со предлогот „референдум за уставните измени“ од СДСМ фрлаат гума за спасување на ВМРО-ДПМНЕ

Предлагајќи „референдум за уставните промени“, „дипломатските кадри“ на СДСМ фрлаат гума за спасување на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

И прекривање на аферата во „Вила Водно“

Ако уставните амандмани се обврска од Преговарачката рамка, референдум за нив значи референдум за Преговарачката рамка. А таа веќе со години е усвоена од Собранието.

Оттука, доколку СДСМ јавно не се дистанцира од таквиот предлог, тоа ќе значи дека:

– и неговото раководство не сака спроведување на Преговарачката рамка ниту преговори за ЕУ-интеграција на Северна Македонија,

– ја амнестира Владата на Мицкоски за да и даде време да се консолидира.

Разликата меѓу парламентарна „опозиција“ и опозиција на погрешните политики на Владата е јасна.

За жал, според моментот кога е инициран, личи дека „спонтаниот предлог“ имал за цел да ја прекрие аферата со протекување класифицирани информации од „Вила Водно“.

Да се потсетиме – Обвинителството потврди дека се води предистрага за случај за протекување класифицирани НАТО информации од Кабинетот на врховниот командант на земја-членка на НАТО од која доаѓа актуелниот заменик-генерален секретар на Алијансата.

СДСМ има уште куса можност да се приклучи на иницијативата во Собранието и да ги предложи уставните амандмани.

Да се потсетиме и дека ваквата „сплотеност“ и „креативност“ на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за спорот за името со Грција го спречи решението „Република Македонија (главен град Скопје)“ во 2008, па денес името на државата е Северна Македонија.

Северна Македонија не може да издржи уште 250.000 млади луѓе да заминат од земјата додека „Белата Палата“ и „Бихаќка“ си играат пинг-понг со „креативни идеи“.

Само соочени со јасен надетнички и политички притисок, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН ќе бидат принудени да се повлечат од штетните политики и по македонскиот народ и по нацијата на Северна Македонија.

#НоваРепублика нема обврски кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата за да остапува од националниот интерес и интересот на македонскиот народ за полноправно членство во ЕУ.

Слични Објави