СОЧНИ ЌОФТИЊА СО КИСЕЛО МЛЕКО

Состојки:
– 1 кг. свинско мелено
– 2 јајца
– 2 главици кромид ситно сецкан
– 2-3 лажици јогурт
– еден прстофат сода бикарбона
– сол – по вкус
– 2-3 парчиња леб
– црн бибер по вкус
– свеж магдонос
– ким
– 1/2 литар вода – ладна или газирана или пиво
– лути пиперчиња (по желба)
– брашно

Подготовка:
Во сад ставете го меленото месо, јајцата, кромидот, јогуртот, сода бикарбоната, парчињата леб натопени во вода и иситнети и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги зачините, измешајте убаво и оставете го местото да отстои 30 минути во фрижидер.

Со мокри раце формирајте ќофтиња, валкајте ги во брашното и пржете ги во загреано масло се додека не бидат готови.

На здравје!

Слични Објави