КАРАКАЧАНОВ ЗА „ТРИБУНА“: ОМРАЗАТА НЕ МОЖЕ ДА ТРАЕ ВЕЧНО, ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЖРТВИ НА ПРОПАГАНДА

Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана на нашиот источен сосед Красимир Каракачанов даде поопширна изјава за порталот „Трибуна“ во врска со интервјуто на премиерот Заев за бугарската агенција БГНЕС. Еве што изјави Каракачанов за нашиот портал:

loading...

„Интервјуто на премиерот Заев е чекор во правилната насока. Тоа е насоката во која што треба да оди македонската влада и целата јавност. Оваа тензија која е генерирана од многу години во односите помеѓу Македонија и Бугарија, и тоа генерирана од надворешни кругови и туѓи интереси, досега и донеле само проблеми на Македонија. 28 години траеше спорот со Грција сега спорот со Бугарија, долго време одлагање на зачленувањето во НАТО и ЕУ, во крајна сметка македонската јавност што не ги познава или не сака да ги дознае историските факти треба да се исправи пред вистината таква каква што е. Вистината не може да се заобиколи и не може да се манипулира, но дури и да може, тоа не може да трае вечно. Луѓето во Македонија не треба да живеат со лагите дека Бугарите се Татари, фашисти, нивни непријатели итн. туку треба да знае дека Бугарите и Македонците се најблиските роднини. Тоа се луѓе кои имаат заеднички баби и дедовци, заедничка историја во минатото, зборувале на заеднички јазик, имале заеднички болки, страдања и се бореле заедно за едни исти идеали- слобода и неависност“- вели Каракачанов.

Бугарскиот министер за одбрана истакна дека е свесен за постоењето на одредени кругови во Македонија кои напорно работеле и примале плата за да создаваат омраза кон Бугарите, но подвлече дека тие практики не можат да траат вечно.

„Свесен сум дека во Македонија има одредени кругови политичари, новинари и припадници на поранешните и сегашните тајни служби кои цел живот добивале плати за да плукаат кон Бугарија и да создаваат омраза кон Бугарите. Тоа не може да трае вечно.Таа кула од картон треба да биде соборена. Од оваа перспектива премиерот Заев направи чекор напред, за жал ја видовме и реакцијата на сите тие кои сметаат дека можат да живеат уште со петокраката на главата, со идеологијата на Тито и се уште југоносталгично настроени“- истакнува Каракачанов.


loading...

Лидерот на ВМРО е дециден дека со таквиот однос кон Бугарија нема како да се стане дел од ЕУ, но додаде дека за тоа не се криви обичните луѓе, бидејќи тие се жртва на долгогодишна пропаганда.

„Со таков однос кон соседите и поточно кон Бугарија и роднините во Бугарија, нема како да станеш дел од ЕУ. Можеш да си останеш во една утописка поранешна Југославија во која што како што гледаме има само проблеми, рушевини и мизерија. Изборот го прават политичарите, обичните луѓе не се виновни. Обичните луѓе се жртва на една пропаганда и една омраа кои што не донесоа ништо добро. Ние како бугарска држава ќе ги охрабруваме секој обид на македонската политичка елита да се доближи до европските норми. Нема да ги поддржуваме оние кругови во Македонија кои сакаат да живееме во омраза, да плукаме еден на друг и да се мразиме“, вели Красимир Каракачанов за „Трибуна“.