Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова разговараше со својот украински колега Андриј Сибига
Првата дипломатка на Бугарија Велислава Петрова разговараше со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, соопштува МНР на Бугарија.
Во рамки на средбата Петрова повторно нагласи дека Бугарија ја поддржува и останува посветена на координираните напори на Европската Унија и САД за постигнување праведен и траен мир во Украина, заснован на Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право.
Беа разгледани области за соработка од взаемен интерес, меѓу кои безбедноста, енергетиката, обновата и логистиката. Разгледано беше и прашањето за правата на бугарското национално малцинство во Украина – најголемата историска бугарска дијаспора во странство, кое е од исклучително значење за бугарската држава.
Меѓу темите на средбата беше и европската интеграција на Украина во контекст на очекуваниот почеток на пристапните преговори преку отворање на првиот преговарачки кластер – „Основни прашања“.
Разговорот се одржа во рамки на неформалната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во шведскиот град Хелсингборг.

