| |

Директорот на Клиничката болница во Тетово Ерзен Елези разговараше со бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков за отворање Центар за аутизам во рамки на болницата

Директорот на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, д-р спец. Ерзен Елези, на 20 мај одржа официјална работна средба со бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков и неговиот заменик Владимир Христов, на која беа разгледани можностите за воспоставување институционална соработка и реализација на заеднички проекти во областа на здравството, објави на својот Facebook профил д-р Елези.

Фокусот на средбата беше иницијативата за отворање современ Центар за аутизам во рамки на ЈЗУ Клиничка болница Тетово – проект од особено значење за Полошкиот регион и пошироко. Со оглед на тоа што во Тетово и регионот во моментов не постои ваков специјализиран центар, планираниот центар ќе овозможи рана детекција, рана интервенција, професионална проценка и специјализиран третман за деца од аутистичниот спектар, преку мултидисциплинарен пристап и современи методи на работа. Воедно, центарот ќе претставува и значајна поддршка за семејствата, преку советување, едукација и континуирана стручна помош.

На средбата беше нагласена заедничката подготвеност за продлабочување на соработката и обезбедување поддршка за реализација на овој важен проект, кој ќе придонесе за подобрување на здравствените услуги и зголемување на квалитетот на живот на децата и лицата со аутизам во регионот.

Слични Објави