Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја?“, пишува претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи.
Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција?
Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите.
Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски?
Од каде некому му падна на памет таква идеја?Ние не преговараме за фотелји и позиции.
Ние зборуваме за иднината… pic.twitter.com/tsaF9sEhf5
— Venko Filipce (@VFilipche) May 22, 2026
„Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, додаде тој.
