|

Гореле картони па предизвикале пожар во двор во Шуто Оризари: Две лица завршиле во болница

Во СВР Скопје ноќеска во 00:05 било пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија.

Сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Слични Објави