Градскиот совет на Софија ја прифати иницијативата Дара да биде прогласена за „Почесен граѓанин на Софија“
Градскиот совет на Софија ја прифати иницијативата со која изведувачката Дарина Јотова – Дара да биде удостоена со звањето „Почесен граѓанин на Софија“, пренесува БТА.
Предлогот е образложен со нејзиниот исклучителен придонес кон современата бугарска култура, збогатувањето на музичкиот живот во земјата и значајната улога во подигнувањето на меѓународниот престиж на Бугарија и главниот град.
Во предлогот се наведува и дека низ годините Дара се етаблирала како една од водечките бугарски поп-изведувачки со низа успешни проекти и милиони стримови. Таа е добитничка на признанието „Изведувачка на годината“ на БГ Радио, а меѓу нејзините телевизиски настапи се издвојуваат формати како „Като две капки вода“, „Гласът на България“ и „Dancing Stars“. Во образложението се истакнува и нејзиното учество како официјален воведен артист на Роби Вилијамс на концерт во Софија.
Особено внимание е посветено на успехот постигнат во мај 2026 година, кога како претставничка на Бугарија на музичкиот натпревар „Евровизија 2026“, изведувачката го освојува првото место со песната „Bangaranga“, што се определува како историско достигнување за земјата.
Со одлуката на СОС се предлага Дарина Јотова – Дара официјално да биде удостоена со звањето „Почесен граѓанин на град Софија“.
Дара и нејзината песна „Bangaranga“, со која победи на натпреварот „Евровизија“, се најдоа на 90. место на листата Global 200 на „Билборд“.

