БАЛДСКАТА НА БЕКИР АСАНИ СТАНА ЧЛЕН НА АНТИПАЈАК КОМИСИЈАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ

Инспирирани од државотворниот потег баџанакот на командант Форина, да стане дел од Антикорупциската комисија, основачките на првата Антипајак комисија за борба против насилството врз жените, ја зачленија балдската на познатиот борец за женски права Бекир Асани, во својата организација. Балдската на Асани ќе одговара за насилството врз жените за време на исполнувањето на нивните службени должности. Првата честитка до балдската дојде од страна на младата полицајка која пред речиси една година беше спасена од Бекир Асани, додека е еден „пајак“ се обидуваше да ја претепа во близина на трговскиот центар „Мавровка“.