НАНЧЕ: СЕ БОРАМ ПРОТИВ СИВИЛОТО ШТО НИ ГО НАМЕТНАА ДВЕТЕ ГОЛЕМИ ПАРТИИ

Публицитет: Од бизнисот во политиката. Кој беше мотивот лично Вие да се кандидирате?


Трендафилов – Нанче: Има ли поголем мотив од мотивот да влезеш во борба против „сивилото“ што ни го наметнаа, оставија двете „најголеми“ партии?! Преку политика, ставање во служба на бизнис заедницата. Нема поголема политика од помошта за развој на бизнисите.

Публицитет: Во што се разликува Вашата програма која им ја нудите на избирачите од програмите на останатите кандидати кои претендираат на функцијата  Градоначалник?


Трендафилов – Нанче: Мојата програма се разликува во тоа што:
1. Не се фалам дека ќе ги направам работите , што МОРАМ да ги направам. Работи што се  дефинирани во надлежност  на градоначалникот  и локалната самоуправа.
2. Јас нудам визии и приоритети а не проекти. Проектите како инжинер знам каква тежина носат. После 28 години се нудат празни ветувања- магла. Доказ за тоа е интензивното иселување.

(Целото интервју со кандидатот за градоначалник на Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче прочитајте го овде)