„ТАЛИР“ ОДЛОЖЕН ЗА ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ

Вести Истакнато Македонија

Судскиот предмет на СЈО „Талир“ е повторно одложен, овој пат за 16 мај, после претседателските избори. Причината за денешното одложување е отсуството на овластените претставници на ВМРО-ДПМНЕИгор Јанушев и Наум Стоилковски. Одбраната на партијата тврди дека поради претседателската кампања и обврските околу неа претставниците на партијата не може да присуствуваат на ова рочиште. За обвинителката од СЈО Ленче Ристоска ова е уште еден обид на обвинителите да го одолговлекуваат судењето.

Претседателот на судечкиот совет судијата Османи Шабани го одложи судењето и јавно ја опомена партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во случајот „Талир“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорот и врски Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и пратеникот Илија Димовски и неговиот сопартиец Леко Ристоски кои се обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.