ЛИФТ СО ЧЕТВОРИЦА СТАНАРИ ПАДНАЛ ВО КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

//

Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата. Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден. Станува збор за нова зграда, која сѐ уште нема технички прием, но неколку станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, јавува СДК.мк.

Како што кажуваат станарите, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја.

Вчера затекнавме работници кои го поправаа лифтот. Станарите велат дека случајот го пријавиле во полиција.



Од Општина Карпош велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола.  Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош.

Претходна статија

ПЕШАК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО КУМАНОВО

Следна статија

БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА „БРАЌА МАНАКИ”

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да