БИТОЛА ПОДГОТВЕНА ЗА „БРАЌА МАНАКИ”

Од 14 до 21 септември во Битола ќе се одржи 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска посочи дека на свеченото отворање во Битола на 14 септември ќе биде прикажан шпанскиот филм „Болка и слава“ (Painandglory), по режија на Педро Алмодовар и кинематограферот Хозе Луис Алкаине кој воедно и ќе ја посети Битола за време на фестивалот.

На ова издание најавен е уште еден специјален гостин, ирскиот сценарист и режисер Џим Шеридан. Од 14 до 21 септември Битола по 40. пат ќе живее со филмската магија на фестивалот Манаки под мотото „Telltheclouds“ (Кажи им на облаците).