ПЕШАК ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО КУМАНОВО

//

Сообраќајна несреќа во која е повреден пешак се случила вчера во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово.

-Патничко моторно возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.



Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.



Претходна статија

АПСЕЊЕ ВО ГОСТИВАР, ДЕВЕТ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТРГОВИЈА СО ХЕРОИН

Следна статија

ЛИФТ СО ЧЕТВОРИЦА СТАНАРИ ПАДНАЛ ВО КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Најново од Вести