Поради сомнеж за дрон привремено затворен аеродромот во Минхен
Воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен утрово беше привремено прекинат поради сомнеж за појава на дрон во близина на пистите, по што беше спроведена безбедносна проверка со засилено полициско присуство.
Според информациите, двајца пилоти нешто по 9 часот пријавиле можен дрон во близина на аеродромот. По пријавата, во координација со германската контрола на летање, надлежните служби донеле одлука привремено да ги затворат пистите.
Портпарол на полицијата потврди дека мерката била преземена од безбедносни причини додека траела проверката на терен.
Сообраќајот нормализиран по еден час
Прекинот траел околу еден час, а летовите биле обновени околу 10:05 часот. Од аеродромот соопштија дека службите не пронашле никаква закана за јавната безбедност.
Не е прв ваков инцидент
Аеродромот во Минхен и претходно се соочувал со слични ситуации. Во октомври минатата година, работата на аеродромот била прекинувана двапати во рок од 24 часа поради сомнежи за присуство на дронови во близина на воздушниот простор.
