|

НОВИ 22 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И ЕДНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

Скопје-9,
Куманово-1,
Прилеп-4,
Тетово-6,
Велес-1
Охрид-1, информираат од Министрерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.



Слични Објави