РАХИЌ ГО БАРА „ФОТОГРАФОТ“ ШТО ГО СЛИКАШЕ БОКИ 13
„Ја видовме објавената фотографија. Во моментов трае претрес во притворските ќелии во Истражниот затвор во Шутка и се бара мобилниот телефон со кој е направена фотографијата. Најверојатно е од притворено лице, бидејќи никој од вработените не внесува мобилен телефон кога влегува во затворот, односно за оној кој ќе влезе со мобилен следува отказ“, вели директорот Рахиќ во изјава за МКД.МК, откако во јавност се појави фотографија на Бојан Јовановски сликана во истражниот затвор Шутка.
