ОТКАЗ ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ ИНСПЕКТОР НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ
Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти Генералниот инспектор на Стејт департментот, Стив Линик, кој како што соопшти претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот, Елиот Енгел, отворил истрага за државниот секретар Мајк Помпео.
-Дознав дека Канцеларијата на генералниот инспектор отворила истрага за секретарот Помпео, рече претседателот на комитетот Енгел, кој го осуди отпуштањето на Линик.
Неименуван претставник на Стејт департментот потврди дека Помпео препорачал Линик да биде отпуштен од работа, но не ја навел причината за тоа.