| |

Деца од Бугарија, Северна Македонија, Грција и САД ќе земат учество во VI Меѓународен фолклорен фестивал „Шарено цвеќе“ во Благоевград

На 5 и 6 јуни 2026 година во Благоевград ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Шарено цвеќе“. Повеќе од 1000 деца и ученици ќе настапат на сцената на плоштадот „Македонија“, претставувајќи го богатството на бугарскиот и меѓународниот фолклор преку музика, песни и танци, јавува Пиринско.

Фестивалската програма започнува на 5 јуни во 09:30 часот со учество на детските градинки. Од 17:30 часот ќе се одржи традиционалното фестивалско дефиле, кое ќе тргне од Младинскиот дом, а од 18:00 часот е офијалното отворање на VI Меѓународен детски фолклорен фестивал „Шарено цвеќе“, по што ќе следува фестивалска програма.

На фестивалот ќе учествуваат деца од Бугарија, Република Северна Македонија, Република Грција и САД, кои ќе го претстават богатството на фолклорните традиции.

Настанот го организира ЦПЛР – Центар за личен и творечки развој на децата на Благоевград, со поддршка на Општина Благоевград.

Слични Објави