| | |

(Видео) Филмот „Тито: Џелатот на XX век“ раскажува за етничкиот геноцид во Македонија

Уште од средината на XIX век Србија целенасочено работи на бришење на бугарскиот идентитет во Македонија. Најмасовната дебугаризација се случува по 1944 година, кога југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито и неговите партизани ја преземаат власта во Вардарска Македонија, пишува БГНЕС во најавата за премиерата на документарниот филм „Тито: Џелатот на XX век“, што треба да се случи на 5 јуни 2026 г.

Филмот на Агенцијата БГНЕС раскажува за тоа како режимот на Тито насилно ја наметнува „вештачката македонската национална самосвест“. Југословенската државна безбедност УДБА има водечка улога во репресиите врз македонските Бугари.

Истакнатите јавни дејци Владимир Перев и Љупчо Куртелов детално опишуваат како УДБА ја уништува бугарската елита во Македонија. Пред камерата застануваат и блиски на луѓе кои лежеле во затворски логори само поради својата национална самосвест. Филмот го води гледачот до остатоците од логорот во Отешево. Денес историјата на ова место е малку позната, но токму тука, на брегот на Преспанското Езеро, стотици луѓе ги губат животите додека ги градат вилите на комунистичките лидери.

До распадот на Југославија во Македонија секоја критика кон личноста на Тито е целосно забранета. Оние кои ги водат судските процеси против бугарските лидери се наградени со високи државни функции. Архивите на УДБА остануваат затворени, а вистината за тоа каква била Македонија пред 1944 година е скриена од очите на светот.

Премиерата на „Тито: Џелатот на XX век“ е закажана за 5 јуни.



Слични Објави