| |

Проф. д-р Христо Пимпирев: 34-та бугарска антарктичка експедиција е меѓу најуспешните досега

Проф. д-р Христо Пимпирев ја оцени 34-тата бугарска антарктичка експедиција како една од најуспешните во историјата на бугарските истражувања на Антарктикот. Според него, значаен придонес за постигнатите резултати имале четвртото последователно учество на истражувачкиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“ и целосното функционирање на новиот лабораториски комплекс на базата на островот Ливингстон, јавува БНР.

За време на експедицијата, бугарскиот брод учествувал во меѓународни проекти за проучување на морските струи кај Јужните Шетландски Острови и за првпат стигнал до Антарктичкиот Полуостров. Меѓу клучните задачи биле и мерењата на нивото на морето, важни за следење на климатските промени.

Проф. Пимпирев истакна дека бугарската база се развива во меѓународен научен центар, каде оваа сезона работеле научници од САД, Црна Гора, Аргентина и Обединетите Арапски Емирати. Истражувањата опфатиле морски екосистеми, движење на глечерите, климатски процеси и сеизмичка активност, вклучително и проучување на активната земјина кора во близина на вулканскиот остров Дисепшн.

Во меѓувреме, веќе се подготвува 35-тата бугарска антарктичка експедиција и петтото јубилејно патување на бродот „Св. св. Кирил и Методиј“, кое треба да започне во ноември.

Слични Објави