| |

БНБ: Евромонетата со бугарската азбука е во постапка на одобрување

Првата бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на бугарската азбука, е вклучена во Монетарната програма на Бугарската народна банка (БНБ) и во моментов е во постапка на одобрување согласно европската правна рамка и националното законодавство, соопшти Бугарската народна банка, пренесува БНР.

Реакцијата следува откако во документ на Советот на Европската Унија од 29 мај беше наведено дека земја-членка од еврозоната поднела приговор на предложениот дизајн. Според документот, Бугарија го доставила проектот на 20 мај 2026 година, а приговорот бил поднесен на 27 мај.

Од БНБ истакнуваат дека немаат забелешки во однос на усогласеноста на проектот со техничките барања. „Постапката за одобрување не е завршена и продолжува согласно утврдената процедура“, наведуваат од централната банка.

Од институцијата додаваат дека прашањето во моментов се разгледува надвор од рамките на експертско-техничката оценка на проектот и дека до завршување на постапката нема јавно да ги коментираат ставовите и кореспонденцијата разменети во процесот.

БНБ најави дека по финализирањето на постапката ќе ги објави потребните информации согласно утврдениот ред.

Слични Објави