(Видео) Сребрениот век на цар Иван Асен II: владетелот кој ја претвори Бугарија во голема сила
Малку бугарски владетели уживаат толку трајна слава колку што ужива царот Иван Асен II. Во историската меморија тој останува како владетелот при кого Бугарија го достигнува своето најголемо територијално проширување во Средниот век и се претвора во фактор со кој сите на Балканот биле принудени да се сообразуваат, пишува БГНЕС.
Но, дали неговото владеење може да биде ставено рамо до рамо со Златниот век на цар Симеон Велики? Според историчарот проф. Христо Матанов, одговорот е понијансиран. Токму затоа неговата нова книга го носи насловот „Сребрениот век на цар Иван Асен II“.
„Колку и да е голема Бугарија на три мориња, Иван Асен не може да се споредува со Симеон. Симеоновиот е Златен век, а овој е Сребрен век“, вели во интервју за БГНЕС проф. Матанов.
Според него, меѓу двајцата владетели постои суштинска разлика. Додека Симеон е покровител на книжевноста и активен творец на културна политика, Иван Асен II е пред сè државник, дипломат и војсководец.
