ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ ЈА НАПУШТИ СЕДНИЦАТА ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО
ВМРО ДПМНЕ – Оваа Влада не ги почитува правните акти на Собранието, ниту Деловник , ниту Устав. Ова е најголемото предавство со грчка уцена.
ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата за ратификација на договорот за името поради тоа што не сакаат да бидат ученици во носењето на ваков штетен договор, велат од пратеничката група.
Овој став пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ го објави на денешната прес конференција во Собранието.
На новинарско прашање дали само оваа седница ќе ја напуштат, од ВМРО ДПМНЕ изјавија дека партиските органи допрва ќе одлучуваат за однесувањето на народните избраници во Собранието.
-Овој македонско – грчки договор не е компромис туку уцена која мораше да ја потпишат за претходно направени дејствија. Со договорот Македонија сама ја суспендираше меѓународната права пресуда на меѓународниот суд на правдата во Хаг која беше во наша корист. Со договор Македонија се откажува од напорите и успесите направени од сите претходни влади. 140 земји од светот на признаа со уставното име, владата не сака расправа, туку сака што побрзо да го изгласаат договорот. Понижувањето од него ќе го трпи македонскиот народ“, велат од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Според ВМРО ДПМНЕ злоупотребено е европското знаменце , и оттаму прашаа што е поразличен овој договор од договорот со Бугарија, за кој нема европско знаменце и не се носи по скратена постапка.

