РЕМЕНСКИ ПО ИСКАЗОТ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СЕ ОГРАДИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13
Фросина Ременски не сакаше да ги коментира своите лични релации со Бојан Јовановски. Во изјавата пред новинарите, веднаш откако заврши нејзиниот исказ во Јавното обвинителство, Ременски истакна дека не барала ниту го посетила Јовановски во Шутка.
Таа се огради од активностите на Меѓународниот сојуз истакнувајќи дека како почесен претседател немала никакво учество во активностите на невладината организација. Таа додаде дека никој што е спомнат во „Рекет“ или има фотографии со Бојан Јовановски не треба да стане објект на првична осуда.

