ПИСМО НА ВОЗНЕМИРЕН ГРАЃАНИН: ВО ДЕЛЧЕВО ИМАШ ДВЕ ОПЦИИ ИЛИ ДА ОДИШ ПО ТРОТОАР СО ГРАДЕЖЕН ШУТ ИЛИ ДА ОДИШ ПО ГЛАВЕН ПАТ БЕЗ ОСВЕТЛУВАЊЕ

//

На јавен пат што има тротоар или друга површина определена за движење на пешаци, односно површина покрај коловозот погодна за движење на пешаци, пешакот е должен да се движи по тие површини.

За жал во Делчево во изминативе неколку денови граѓаните се оневозможени да се движат по површината определена за движење на пешаци т.е тротоарот покрај главниот магистрален пат, на самиот влез во Делчево, каде што има голем број на фабрики во кои се вработеници стотици луѓе.

Имено, поради изведување на градежни работи, дел од градежниот шут заврши на купчиња на тротоарот покрај самиот магистрален пат, кој нема никакво улично осветлување, а единствените зраци на некаква светлина доаѓаат од двете бензински пумпи на истото место, на самиот влез од градот. Покрај неосветлениот пат, граѓаните се изложени на ризик од улични кучиња кои се движат токму во овој дел од градот.

Оттука се поставува прашањето:

1. Зошто работниците го расфрлаат градежниот шут на купчиња на самиот тротоар долж магистралниот пат, чија површина е исклучиво наменета за пешаците?

2. Зошто надлежните дозволиле автомобили и камиони да бидат паркирани на самиот тротоар покрај фабриките на истиот тој магистрален пат?



3. Дали може некој да одговори на прашањето каде треба да се движат работниците од околните фабрики, но и сите останати пешаци во овој дел од градот, ако се земе предвид фактот дека тротоарите се полни со купчиња градежен шут, посебно во текот на ноќта?

4. Дали некој дал било какво известување дека површината покрај магистралниот пат, која е наменета за пешаци, ќе биде искористена за потребите на работниците односно локалната самоуправа, ако се земе предвид фактот дека нема улично осветлување, а дека на патот постојано се движат тешки товарни возила, но и автомобили.

Фотографиите во продолжение сведочат дека граѓаните и немаат некој голем избор, односно тие кои се движат пеш, ќе мораат да се движат или по самиот магистрален пат, што е опасно по нивниот живот, или пак треба да изберат да се искачуваат по купчињата градежен шут расфрлан по тротоарот, од кого може да паднат и да се повредат.

П.С. Совет и за уличните кучиња: Убаво би било некој да се погрижи животните да бидат згрижени, со што ќе им се помогне и на самите нив, но и на луѓето кои инаку се чувствуваат небезбедни!

Писмо на наш читател од Делчево

Претходна статија

РЕМЕНСКИ ПО ИСКАЗОТ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СЕ ОГРАДИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13

Следна статија

РАНГЕЛОВА КОНТРА СТОИЛКОВСКИ: ЈА ОСУДИ НЕГОВАТА ОБЈАВА ЗА НИНА АНГЕЛОВСКА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да