РАНГЕЛОВА КОНТРА СТОИЛКОВСКИ: ЈА ОСУДИ НЕГОВАТА ОБЈАВА ЗА НИНА АНГЕЛОВСКА

/

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна претседателка на Унијата на жените на оваа партија, Даниела Рангелова, ја осуди објавата на својот партиски колега, портпаролот Наум Стоилковски, кој новата министерка за финансии ја нарече Нина Групировка.

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави ребалансот… Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е џирло девојка – презентерка за владините светлечки јојоа и стомак-елиминатори“, стои во фејсбук-статусот на Стоилковски.

Рангелова во својата објава вели дека е остра критичарка на работењето на Владата и нејзините функционери, но дека најостро го осудува кој било сексистички напад врз секоја жена, без разлика на која било политичка партија да е членка или функционерка.



Извор: Макфакс



Претходна статија

ПИСМО НА ВОЗНЕМИРЕН ГРАЃАНИН: ВО ДЕЛЧЕВО ИМАШ ДВЕ ОПЦИИ ИЛИ ДА ОДИШ ПО ТРОТОАР СО ГРАДЕЖЕН ШУТ ИЛИ ДА ОДИШ ПО ГЛАВЕН ПАТ БЕЗ ОСВЕТЛУВАЊЕ

Следна статија

МИЛОШОСКИ: ЈАНЕВА НЕ МОЖЕ ДА ПРАЌА НАРЕДБИ ОД ПРИТВОР, РАХИЌ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Најново од Вести