Шефицата на бугарската дипломатија Петрова се сретна со делегација на Фондацијата на бугарските православни цркви во Истанбул и Одрин
Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова се сретна со делегација на Настојателството на Фондацијата на бугарските православни цркви во Истанбул и Одрин, предводена од нејзиниот претседател Димитри Јотеф, јавува МНР на Бугарија.
За време на средбата беше изразена високата оценка на Министерството за надворешни работи за дејноста на Фондацијата и нејзиниот придонес за зачувувањето и развојот на бугарската православна заедница, како и за заштитата на бугарското културно-историско наследство во Република Турција.
„Високо го цениме сето она што го правите за бугарската држава. Со својата дејност вие ја зачувувате историската меморија на бугарската заедница“, истакна министерката Петрова. Таа ја потврди доследната поддршка на бугарската држава за заедницата на цариградските Бугари и подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката во заштита на националниот интерес на Бугарија.
Во рамките на дискусијата беше разгледана и актуелната дејност на Фондацијата, предизвиците со кои се соочува и перспективите за нејзиниот иден развој во Истанбул и Одрин.
