| |

Туск ги повика Полјаците и Украинците на почитување на историската вистина

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика Полјаците и Украинците да градат заедничка иднина врз основа на „вистината“ и „меѓусебното почитување“, со цел да се стави крај на тензиите меѓу двете земји поради историските спорови од Втората светска војна, пренесе Франс прес, цитирана од БТА.

„Запомнете сите, без исклучок, во Полска, во Украина и нашите пријатели во Европа – ние можеме да ја градиме иднината само врз основа на вистината, меѓусебното почитување и разбирањето на историјата“, изјави Туск за време на отворањето на годишната конференција за обнова на Украина во полскиот град Гдањск.

Украинската премиерка Јулија Свириденко, која беше испратена на конференцијата наместо претседателот Володимир Зеленски, и покрај тоа што неговото учество беше најавено пред неодамнешните дипломатски тензии, од своја страна, ја пофали подготвеноста на Полјаците за „градење заедничка иднина“.

Слични Објави