| |

И Владата и парламентарната опозиција “се колнат” во ЕУ и НАТО, но одработуваат за (Србија, Русија и) Кина

Ивон Величковски

Мицкоски неделава потврди (сумирано) дека Преговарачката рамка се менува само со ЕУ консензус, по цена “новата” да не ни ги уважи сегашните придобивки. И така го призна познатото – дека Преговарачката рамка од самиот почеток е корисна за нас.

За тоа време парламентарната “опозиција” театрално тера интерпелации/пратенички прашања, но ни да спомне уставни амандмани.

Заедно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица мора да ги одмолчуваат најтешките заклучоци при усвојувањето на 🇪🇺Извештајот:

1. Скриена сопственичка структура во медиумите со антиевропски наративи,

2. Подривање на евро-патот низ координирана манипулација во информирањето,

3. Потреба од отворање на архивите на ју-тајните служби, и особено

4. Растечки силните врски меѓу 🇲🇰 и Владата на 🇷🇸… во контекст на:

⚠️ растечкото 🇨🇳 економско и политичко влијание во регионот,

⚠️🇷🇺 напори за проектирање влијание врз 🇲🇰

⚠️ наративите што го доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите во ЗБ, сосе т.н. „српски свет“.

Ризикот по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица од отворањето на архивите на ју-службите е кадровско-длабински. Но, затворањето очи пред овие предизвици е ризик и за нацијата на Северна Македонија и за македонскиот народ.

🇲🇰 во “српски свет“ не може да оди кон 🇪🇺.

За пат кон Брисел, Скопје мора да се „отшрафи“ од Белград. А за тоа мора да се отворат ју-архивите. Се до тогаш олигархиски/политички/безбедносно 🇲🇰 зависи од 🇷🇸, а “Белата Палата“ и “Бихаќка” мора да останат скопски експозитури на Вучиќ и Ѓилас.

Имено, задачата е не се зборува за ова прокси средство на 🇷🇺 и 🇨🇳 во логистичката заднина на јужното и источното крило на НАТО. Но и во економската целина на 🇪🇺 каде припаѓа ЗБ.

Затоа со месеци новинари/аналитичари беа задолжени за минимизирање на темата.

Ратификувањето на Трговскиот договор меѓу 🇪🇺 и 🇺🇸 извесно е да им ги приближи и политиките за спречување на 🇨🇳 дампинг цени втемелени на непазарни механизми.

А нарушувањето на 🇨🇳 финансиски капацитет го нарушува 🇨🇳 и 🇷🇺 влијание во ЈИЕ и ЗБ.

За да се одржи оската на влијанија врз 🇲🇰:

🇷🇸 политичко/безбедносно/медиумско (и финансиско, “Алте Банка”)

🇷🇺 безбедносно/црковно, веќе не енергетско

🇨🇳 економско/финансиско/безбедносно…

…за повидлив „рапрошман“ кон 🇨🇳 се понуди претседателката на Републиката.

Последно со срдечното дружење со кинеската амбасадорка, Силјановска-Давкова покажа дека шефот на државата и врховен командант на НАТО-членка и ЕУ-кандидат е отворен за соработка. Без отпор од ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ.

Со години “отвореноста“ за донации одеше рака под рака со 🇨🇳 “културни“ центри и јазични курсеви пред се во “македонските” општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ.

Ова влијание не е ново и не е само по 2024:

❗️И покрај потпишаниот договор за 5Г технологија со 🇺🇸, ниту една влада до/по 2024 не ја замени кинеската технологија;

❗️И покрај воено/безбедносно/финансиско/инфраструктурно/финансиските врски на Владата на 🇷🇸 со 🇷🇺 и 🇨🇳🇲🇰 го отвори пазарот за државниот Телеком на 🇷🇸, преку М-Тел, давајќи пристап во доменот на пренос на информации!

❗️Финансиската изложеност на 🇲🇰 кон 🇨🇳 растеше по основа на автопатските заеми во мандатите на владите 2011-24. Таа ќе растеше ако 🇬🇧 не се вмеша во „патот на свилата“ со „суверениот заем“.

🇲🇰 врзана на 🇷🇸🇷🇺 верски/културолошки наратив и зависна од 🇨🇳 технологија и производи – е “осудена” на низок стандард, неконкурентно производство и конфликтна нација внатрешно и кон соседството.

“Македонските” парламентарни партии во 🇲🇰 – кочејќи ги преговорите за 🇪🇺-членство, коридорот 8… – одработуваат за туѓ проект и туѓи интереси.

Предавството се случува во Собранието, Владата и “Вила Водно”.



Слични Објави