| |

Никола Цолов беше незапирлив на главната трка за Големата награда на Австрија во Формула 2

Бугарскиот пилот на „Кампос рејсинг“ ја оствари четвртата победа сезонава, и покрај малиот проблем во боксот. Тој стартуваше од третата позиција на патеката „Ред Бул Ринг“, но уште на стартот го престигна Алекс Дан, а во третиот свиок го мина и својот тимски колега Ноел Леон и го презеде водството, јавува 24 часа.

За време задолжителната промена на гумите, Цолов беше задржан од механичарите и за малку ќе ја загубеше позицијата. Во 13. круг, и покрај добрата одбрана, не успеа да го задржи Дан, а при претекнувањето дојде до контакт, по што се открши дел од предното крило на болидот на Никола.

Во 25. круг, сепак, бугарскиот возач ја искористи грешката на Ирецот и повторно го престигна, а од тој момент до финишот немаше никакви проблеми.

Втор заврши Габриеле Мини од Италија, кој останува лидер во генералниот пласман со 108 бодови, пред Цолов со 106.

Слични Објави