| |

Бронзен медал за Технички универзитет– Софија на „Шел Еко-маратон 2026“ во Полска

Тимот на Техничкиот универзитет – Софија освои бронзен медал за Бугарија на финалето на „Шел Еко-маратон 2026“ во Полска, соопштија од „Шел Бугарија“, пренесува БТА.

Екипата „TUS Team“ од ТУ – Софија го доби признанието во категоријата „Градски тип“ со водородна горивна ќелија. На патеката Silesia Ring во Полска учествуваа повеќе од 130 тимови од цела Европа, кои претставија автомобили што самите ги проектирале, конструирале и усовршувале, со цел да изминат максимално растојание со минимална потрошувачка на енергија.

„Шел Еко-маратон“ е водечко меѓународно инженерско натпреварување за ученици и студенти со повеќе од 40 години историја. Бугарија учествува речиси 20 години, од 2007 година, кога првпат настапи тим од Техничкиот универзитет – Софија.



Слични Објави