| |

Бугарски и американски специјални сили одржаа заедничка воена обука

Припадници на Силите за специјални операции на Бугарија и на САД беа дел од заедничка воена вежба што се одржа во текот на месецот јуни, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Формации од специјалните сили на двете земји учествуваа во подготовката Joint Combined Exchange Training (JCET), чиј домаќин беше Заедничката команда на специјалните операции на Бугарија. Во фокусот на воените вежби беа усовршување на техники, тактики и процедури, како и планирање и изведување акции, заседи и борбени дејства во урбани услови.

Посебно внимание беше посветено на укажување прва медицинска помош на прва линија, особено во критични ситуации во изолирана средина, кога не е можна итна медицинска евакуација.

Според Министерството за одбрана, современите предизвици бараат и ефективна употреба на беспилотни летала за извидување, погодување цели и блиска огнена поддршка.

Слични Објави