| |

Димитров: На „Вимблдон“ има нешто посебно, воздухот е поинаков

Григор Димитров беше исклучително среќен по победата над Матео Берети и пласманот во осминафиналето на Вимблдон.

„Премногу, премногу уживам. Би сакал да играм пет сета без прекин“, започна Димитров.

„Неверојатно е што можам повторно да се вратам тука. Многу сум среќен. Чувствувам среќа.

Неверојатно е. Искрено, се радувам што повторно можам да се вратам тука. Единствено сакам да се натпреварувам и да играм пред вас. Тука има нешто посебно во воздухот, што го нема на друго место“, додаде Бугаринот.

„Тенисот не е спринт, туку маратон, особено кога се игра на три добиени сета од пет. Се чувствував како да сум подготвен за својата шанса во секој момент, но тој сервираше толку добро. Кај мене падна процентот на прв сервис. Знаев дека морам да бидам во добра позиција, да бидам позитивен и да знам дека ќе имам шанса. Чувствував дека морам да останам и физички добро. Се чувствував сè подобро. Во последните три гема сервирав многу добро. Внесов многу топки во игра и бев во многу добра позиција“, продолжи Григор.

„За мене најслаткиот дел беше кога го затворив мечот.“

„Не знам колку ми останува, не знам колку пати ќе можам да бидам тука и затоа постојано си повторувам да уживам. Тоа е мојот начин на размислување.“

„Ќе се вратам повторно на теренот и ќе се натпреварувам. За мене е прекрасно што ќе можам да се натпреварувам во втората недела на Вимблдон. Нека забавата продолжи, нека убавото време продолжи“, рече уште Димитров.

Слични Објави