МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА КАЈ 23-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ
Дваесет и тригодишен кумановец вчера бил приведен поради поседување марихуана.
– На 30.01.2020 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ го лишиле од слобода И.Љ.(23) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.