Григор Димитров не успеа да стигне до четвртфиналето на Вимблдон
Бугарската тениска ѕвезда Григор Димитров (35) го заврши настапот на Вимблдон во четвртото коло, откако по драматичен меч загуби од Британецот Артур Фери со 5:7, 6:3, 6:4, 4:6, 6:7(7). Дуелот траеше 3 часа и 58 минути, а Фери, кој е 114. на светската ранг-листа, ја оствари својата најголема победа во кариерата, јавува БНР.
Димитров успеа да направи пресврт по загубениот прв сет и поведе со 2:1 во сетови, но Британецот се врати во мечот и го доби решавачкиот шампионски тајбрејк со 10:7.
За 35-годишниот Бугарин ова беше 16. настап на Вимболдон. Минатата година исто така стигна до четвртото коло, додека негов најдобар резултат останува полуфиналето од 2014 година.

