| |

Националниот литературен музеј во Софија ќе ја одбележи 176-та годишнина од раѓањето на патријархот на бугарската литература Иван Вазов

Националниот литературен музеј во Софија организира свечено чествување по повод 176 години од раѓањето на патријархот на бугарската литература Иван Вазов.

Настанот ќе се одржи на 9 јули 2026 година, четврток, со почеток во 10:30 часот, пред споменикот на Вазов, во градинката пред црквата „Света Софија“. Од 11:30 часот, во куќата-музеј „Иван Вазов“ во Софија, ќе биде претставен новиот двојазичен аудиоводич кон обновената експозиција на музејот.

Музејот се наоѓа во домот каде што поетот живеел во последните години од својот живот. По негова волја, изразена во разговори со проф. Иван Шишманов и министерот за просвета Стојан Омaрчевски, куќата била претворена во музеј, што бил отворен на 26 ноември 1926 година – како прв литературен музеј во бугарската престолнина.

„Јас работев половина век на книжевното поле, движен од внатрешен поттик, подредувајќи се на ненаситна душевна жед да ѝ служам на вистината и убавината“, запишал Вазов. „Јас пеев за Бугарија, затоа што ја сакав. И сознанието дека сум бил корисен за Бугарија за мене беше најголемата награда. За друга не мислев… И моја должност е на крајот од животниот пат, поради големата вера која ја имам во иднината, да извикам на мојот народ: ‘Не очајувај! Верувај! Работи во братска слога, со обединети сили!’“

Слични Објави