Marching Stars ја претстави Бугарија во Музикферајн во Виена
Младинскиот дувачки оркестар Marching Stars ја претстави Бугарија во Златната сала на Музикферајн во Виена, соопшти Домот на културата „Средец“, пренесува БТА.
Настапот беше дел од меѓународен фестивал со оркестри од повеќе од 20 држави. Бугарскиот состав изведе програма што ја спојува бугарската музичка традиција со европското културно наследство.
Премиерно беше претставена „Празнична раченица“ од Румен Бојаџиев, напишана специјално за Marching Stars. Раководителот на оркестарот Тодор Цачев, вели дека тоа е прва изведба на дело од современ жив бугарски композитор во Златната сала.
„За децата ова беше остварен сон“, изјави Цачев, додавајќи дека младите музичари покажале оти можат достоинствено да бидат дел од светската музичка елита.
По концертот, оркестарот настапи и на парада во Пратер. Учеството е дел од партнерството меѓу Домот на културата „Средец“ и Marching Stars, со цел Софија да има постојан младински marching band.

