| |

(ВИДЕО) БОРИСОВ ГО ПРЕЧЕКА ЗАЕВ ВО СОФИЈА

Бугарскиот премиер Борисов го пречека премиерот на Република Македонија Зоран Заев во Софија, каде наскоро треба да започне Самитот на Берлинскиот процес, на кој двете земји се домаќини оваа година, соопшти претпладнево прес-службата на бугарската Влада.

„Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот регион ги ставаат поблиску до членството во ЕУ. Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за Заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. И во оваа прилика посебна благодарност упатуваме и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и на СР Германија, од кои континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и на регионалната соработка – oбјавија од владината прес-служба.

Слични Објави