|

МИЛОШОСКИ ПОВТОРНО ЗАКАЖА СЕДНИЦА ЗА БУГАРСКИОТ МЕМОРАНДУМ

„Со вчерашен допис до пратениците и ресорните министри закажана е Комисијата за надворешна политика за во четврток во 11 часот. Темата е Македонија-Бугарија, која предизвикува огромен политички и медиумски интерес, и граѓаните со право очекуваат плодна дискусија и јасен став по ова битно прашање. Затоа сметам дека пратениците во Собранието, заедно со владата, мора да утврдат заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија, кој претставува историски анахронизам, спротивен на европските повелби за човекови права, напиша денеска Милошоски на својот фејсбук-профил.

Достоинството и самобитноста на македонскиот народ, додава тој, е европска културна, книжевна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без дополнителни уцени!

„За службите во Собранието и пратениците сигурен сум дека на седницата ќе ги спроведат и почитуваат сите здравствени протоколи, за да можат поканетите министри да се чувствуваат сигурно, пишува Милошоски на Фејсбук.

Почитувана јавност, со вчерашен допис до пратениците и ресорните министри закажана е Комисијата за надворешна политика…Posted by Antonio Miloshoski on Вторник, 10 ноември 2020



Слични Објави