ЖИВОТ ЗА СТУДЕНТИТЕ ИЛИ ЗА БУБАШВАБИТЕ ?!

Истакнато Колумни Позиција

Зборот е збор и има вредност само доколку се исполнува. Ветувањето има вредност ако се преточи во дело. Иако пред речиси година и пол додека бевте во опозиција не пропуштавте прилика да потенцирате дека во младината ви е фокусот, дека ќе изградите нови студентски домови, ќе ги вратите младите во Македонија, вие не само што не правите ништо, туку не се ни потрудивте да ги задржите оние кои останаа да студираат овде.

Во новиот ребаланс на буџетот нема пари за нашите идни академски граѓани, но ветувањата висат во воздух!
Оваа го пишува во делот кај итните реформски приоритети на страна 224:
-„Во Скопје, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Ова ќе значи повеќе интервенции во просторот, со комплетно нови модерни архитектонски решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри “

За волја на вистината нашите студенти преку своите социјални мрежи секојдневно се жалат на лошите услови во студентските домови, условите не се лоши условите во студентските домови се мизерни. Почнувајќи од фактот дека сме 21-век, илјадници македонски студенти живеат во услови кои слободно можат да се наречат хорор филм. Вака живеат нашите идни академски граѓани-нашата надеж на оваа земја во студентскиот дом Стив Наумов. Но овде не запираат нивните проблеми студентите од студентскиот дом, Гоце Делчев, во кој немаат топла вода повеќе од една недела. Водата која е основно средство за нормален и пристоен живот!

Студентите во студентскиот дом Кузман немаат ниту топла вода, ниту греење, исклучете им ја и струјата и НЕМА ШТО НЕМА ДА ИМААТ. А да не зборуваме за храната кој ја добиваат која е под секакво човечко ниво или стандард. И трагедијата да стане поголема директорот на студентските домови бара да се зголемат партиципациите за училишните и студентските домови.


Тоа можеби е поради фактот дека господинот Николовски си ја вработил својата кумашинка и останати партиски членови на високи раководни позиции во студентските домови, па нели треба и за нив додатна плата!

Дојде ли животот во студентските домови?! Или сепак дојде живот само за директорот, неговите партиски пријателчиња и бубашвабите во студентската менза?! Само се прашувам со каков дел учествува Министерството за образование и науки, ако студентските домови се распаѓаат, нема греење и топла вода… Во храната наоѓаат инсекти и железо. Во средните училишта има шуга а основните се затвараат поради загадена вода!

Доколку ова се реформите со кои владата планираше да го подобри образовниот систем и да ги задржи младите во Македонија, јас одговорно ви тврдам дека ќе ви кажат НЕ БЛАГОДАРАМ!

Сакам да прашам дали децата на високите функционери барем за еден ден би се замениле со некој од нашите студенти или фотелјата на тате ќе ги спречи во тој нивни храбар поход?! Дали освен за тендерите и иновациите, ребалансот на буџетот и кревањето прашина по Грујо, нашата Влада ги прекрива суштинските проблеми кои ги има?
Дали со станување пратеник, министер или било каков функционер во државава се заборава како е да бидеш студент?

Престанете да кревате димни завеси во земјава, за да си ја прекриете неспособеноста и така сме една од најзагадените земји во Европа. Почнете да си ги спроведувате реформите кои ви беа во прв план пред да се сместите во удобните фотелји и не ги заборавајте вашите ветувања. Можеби вие имате кратко помнење драга господо поради комфорот и удобноста во која уживате… Но верувајте дека македонските студенти паметат сѐ што сте им ветиле и не сте исполниле. И прашање е на работа, желба, инаку и оваа младина која остана ќе најде пат да си ги спакува куферите и да замине од мизеријава во борба за подобро утре.

Г. Адеми ако не знаете како да располагате со буџетот дајте им го на студентите барем да си поправат основните услови за живот.
Зборот е збор и има вредност само доколку се испочитува. Ветувањето има вредност ако се преточи во дело. Нашите ветувања се цврст договор со граѓаните.

This slideshow requires JavaScript.

Автор: Фросина Китановска