УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУ „ДИМИТАР МИРАСЧИЕВ“ СО ПОРАКА: И ПОКРАЈ ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ТУКА СМЕ ТВОРИМЕ И ПОСТОИМЕ
Училиштето СОУ“Димитар Мирасчиев” – Штип, претставува блескав мозаик од светот на модата и дизајнот.
Учениците велат дека професорите наставата ја одржуваат во современи опремени училници, а пак практичната настава се изведува во посебни работилници кои се во склоп на училиштето,
„Ние учениците своите знаења ги надополнуваме со посета на современи фабрики и мислења од стручни лица од нашата бранша. Учествуваме во многу проекти и активности во нашиот град Штип и пошироко со креирање на модни ревии и настани во нашиот град. А по завршувањето на нашето средно образование имаме можност да си отвориме и сопствени модни ателјеа. На некој начин иако сме дискриминирани во однос на другите средни училишта, сакаме да ви посочиме дека сме тука, секојдневно работиме, се едуцираме, креираме со многу љубов… ПОСТОИМЕ!“, велат учениците од СОУ “Димитар Мирасчиев“-Штип.












