| |

ЧЛЕНОТ НА УПРАВУВАЧКИОТ КОМИТЕТ НА ГДУ, ЈОВАНА СПАСЕВСКА ПРИСУСТВУВАШЕ НА III МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Членот на Управувачкиот комитет на Граѓанско демократска унија (УК на ГДУ), Јована Спасевска на покана на претседателот на Стопанската комора за енергетика на Република Македонија, Ѓорѓи Манасков присуствуваше на III Меѓународна конференција за енергетика, која се одржа денеска во хотел Континентал во Скопје. На самата конференција беа презентирани проекти за изградба на нови фотоволтаични централи во Република Македонија. Беа претставени компании за опрема за хидроцентрали, фотоволтаици, биогас, ветерници и сл од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Австрија, Германија, Полска, Турција, Романија, Русија, Хрватска , Кина и др. На самата конференција беа разјаснети
правилата, законите и се што е потребно за нормално учество на тендери за енергетика, исто така имаше појаснување и за условите според кои може да се конкурира за грантови во областа на енергетиката од GEFF, EBRD и домашните банки.

Слични Објави