(Видео) Фанови на „Левски“ ја изразија својата позиција во однос на Монументот на окупаторската Црвена армија во Софија
Доцна синоќа, неколку минути по крајот на натпреварот меѓу „Левски“ и израелскиот „Апоел“ (Бер Шева), навивачите на „Левски“ го нападнаа шаторскиот камп пред Споменикот на советската армија во Софија и на две места ја скршија плоча на споменикот, јавува Фактор.бг. Плочата на која пишува „До советските ослободители на благодарниот бугарски народ“ неодамна беше поправена и поставена повторно на монументот од страна на градската организација на Бугарската социјалистичка партија.
За време на полноќната акција беше поставен и постер со натпис „Демонтажа“.
Ова не е првпат навивачите на „Левски“ да го искажат својот критички став кон споменикот на окупаторот за кој сметаат дека нема место во центарот на една европска престолнина, каква што е Софија.
Симпатизерите на „Левица“, БСП и „Вазраждане“ веќе неколку недели се во шаторски камп и го обезбедуваат споменикот, но нема информации за судири.
Потсетуваме дека веќе е донесена одлука монументот на окупаторската Црвена армија да се пресели во Музејот на уметноста од социјалистичката ера во Софија.