ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ВЕТУВАА ЕКСПРЕСНО ЧИСТ ВОЗДУХ, А ДВЕ ГОДИНИ НЕМААТ ПРЕЗЕМЕНО НИШТО

Вести Истакнато Македонија

Петре Шилегов мора да престане да си игра игри, а Јани Макрадули мора да се разбуди за да се преземат мерки бидејќи граѓаните секојдневно се гушат во отровите кои ги вдишуваат. Или да престанат да спијат и да си играат или да си заминат и да остават некој што сака и знае да ги репава проблемите на граѓаните, се вели во соопштението на политичката партиоја ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја зацрни државата. Ветија чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, а две години откако се на власт немаат спроведено ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Скопје руши рекорди во ниво на загаденост на воздухот со канцерогени ПМ10 честички, а Шилегов за време на собраниска дискусија за пронаоѓање решенија игра игри на телефон, заменик министерот за животна средина Макрадули спие, а министерот Дураку вели дека воопшто не му е гајле што ќе кажат граѓаните. Шилегов, Дураку и Макрадули како најповикани за решавање на проблемот со загадениот воздух со своите постапки покажуваат дека не им е гајле за воздухот, а уште помалку за граѓаните. Две години по лажните ветувања граѓаните се чувствуваат изманипулирани.

Власта која ка зацрни Република Македонија свесно ги изманипулира граѓаните дека ќе донесе експресно чист воздух и за тоа мора да одговара. Одговорност мора да има!

Две години нема ниедна мерка за подобрување на квалитетот на воздухот и граѓаните константно во зимскиот период ги полнат болниците низ државата како последица на проблеми со срцето и белите дробови предизвикани од екстремно загадениот воздух.

СДСМ нема оправдување за своите потфрлања. Нема оправдување за власта која ја зави во црно државата. Одговорност за неработата мора да има.

Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. СДСМ не смее да продолжи да ги манипулира граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против оваа ненародна власт да ни се приклучат во протесните маршеви ширум државата и заеднички да и кажеме не на оваа власт. Да го избркаме црнилото, се вели во соопштението на политичката партиоја ВМРО-ДПМНЕ.