| |

Бугарија ја потврди поддршката за европскиот пат на Црна Гора

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Иванка Ташева, на 9 јули се сретна со амбасадорот на Црна Гора во Бугарија, Ѓорѓе Јанковиќ, јавува МНР на Бугарија.

На средбата беше оценето дека билатералните односи се одлични и дека меѓу двете земји нема отворени прашања. Разговарано беше и за можноста за воведување директна авионска линија меѓу Софија и Подгорица, која треба да ја поттикне економската соработка, туризмот и контактите меѓу граѓаните.

Ташева ја потврди доследната поддршка на Бугарија за пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија и изрази подготвеност Софија и натаму да го споделува своето експертско искуство во евроинтегративниот процес. Јанковиќ ѝ се заблагодари на Бугарија за континуираната поддршка, нагласувајќи дека таа е високо ценета од црногорска страна.



Слични Објави