Фолклорниот ансамбл „Огнените“ ќе ја претставува Бугарија на фестивалот „СКУПИ 2026“ во Скопје
Фолклорниот ансамбл „Огнените“ — Folklore Ensemble “Ognenite” ќе ја претставува Бугарија во рамките на Меѓународниот фестивал на фолклорни танци „СКУПИ 2026“, кој ќе се одржи од 13 до 17 јули во Скопје, јавува БКИЦ-Скопје.
Фолклорниот ансамбл „Огнените“ создава мост меѓу минатото и сегашноста, пренесувајќи ги обичаите и зачувувајќи ги убавината и магијата на бугарските фолклорни песни и танци.
Фолклорниот ансамбл „Огнените“ е основан во далечната 1943 година, првично како танцова група од селото Бусманци, Софија, при Народното читалиште „Елин Пелин – 1926“.
Ансамблот постојано се развива, црпи инспирација и го надградува веќе наученото, а благодарение на љубовта кон фолклорот, како на танчарите, така и на раководителите Петја Григорова и Орлин Иванов, ги освојува срцата на луѓето.
Во 2004 година, за време на еден од концертите, публиката му го дала името „Огнените“ на ансамблот поради страста, желбата и огнот со кои танцуваат неговите членови.
Со три возрасни групи — деца, младинци и возрасни — Фолклорниот ансамбл „Огнените“ ја претставува Бугарија во Европа, со цел да ја шири магијата на танцовата уметност и да покаже дека Бугарија поседува богат фолклор со кој сите сите можеме да се гордееме, стои во објавата на БКИЦ-Скопје.
