| |

Бугарски ученици освоија пет медали на Меѓународната олимпијада по физика во Колумбија

Бугарски ученици освоија четири сребрени и еден бронзен медал на 56. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO), одржана во Колумбија, соопшти бугарското Министерство за образование и наука, пренесува Актуално.

На натпреварот учествувале 370 ученици од 87 држави. Сребрени медали освоиле Светослав Арабов (10. клас, МГ „Д-р Петар Берон“ – Варна), Јордан Петков (10. клас, Американски колеџ во Софија), Александар Николов (12. клас, ПЧМГ) и Мирослав Драганов (10. клас, ППМГ „Акад. Никола Обрешков“ – Бургас), додека Петар Попов (12. клас, ПМГ „Јане Сандански“ – Гоце Делчев) освоил бронзен медал.

Олимпијадата се одржала во два круга, со една експериментална и три теоретски задачи. Раководители на бугарскиот национален тим биле проф. д-р Мирослав Абрашев и доц. д-р Нено Тодоров од Физичкиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

IPhO се одржува од 1967 година, а Бугарија е меѓу земјите основачи и досега учествувала на сите изданија.

Слични Објави